Американски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Bez autora
Mar 06 2014

Американски компании кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа се запознаа со инвестициските поволности што ги нуди Македонија. Можностите за инвестирање ги претстави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, амбасадорот на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Јолевски и економскиот промотор Дејан Величков во Јангстаун, САД, на форум организиран во соработка со регионалната стопанска комора. Посетата на градовите засега се реализира успешно. Посетуваме градови во САД кои досега не сме ги посетиле, но како области имаат значителен број производствени компании со глобални операции. Особено важно е што покрај бизнис-форумите во секој од овие градови, имаме можност да оствариме директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании во секој град и во детали да ги презентираме предностите за лоцирање на нивните производствени капацитети во Македонија, изјави вицепремиерот Пешевски.

Американски компании заинтересирани за инвестиции во МакедонијаАмерикански компании кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа се запознаа со инвестициските поволности што ги нуди Македонија.

Можностите за инвестирање ги претстави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, амбасадорот на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Јолевски и економскиот промотор Дејан Величков во Јангстаун, САД, на форум организиран во соработка со регионалната стопанска комора.

- Посетата на градовите засега се реализира успешно. Посетуваме градови во САД кои досега не сме ги посетиле, но како области имаат значителен број производствени компании со глобални операции. Особено важно е што покрај бизнис-форумите во секој од овие градови, имаме можност да оствариме директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании во секој град и во детали да ги презентираме предностите за лоцирање на нивните производствени капацитети во Македонија - изјави вицепремиерот Пешевски.

Во рамките на посетата на Јангстаун планирани се и индивидуални средби со неколку глобални компании од металната индустрија, кои имаат пројавено интерес за условите за инвестирање во Македонија, особено за можностите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik